Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки што веб-страницата ги зачувува во вашиот прелистувач. Според Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 135/2025), зачувување информации на вашиот уред или пристап до нив е дозволено само со ваша согласност, освен кога тоа е неопходно за пренос на комуникацијата или за услуга што изрично сте ја побарале.
Колачиња што ги поставуваме ние
Никакви. Оваа страница не поставува свои колачиња и не зачувува ништо во вашиот прелистувач (ниту во local storage). Немаме аналитика, рекламирање, пиксели за следење ниту вградени содржини од социјални мрежи. Линковите кон Instagram, Facebook, YouTube и Google Maps се обични линкови: тие страници поставуваат свои колачиња дури откако ќе кликнете на нив, според своите правила.
Затоа на страницата нема банер за согласност: нема што да прифатите или да одбиете.
Технички колачиња на Cloudflare
Страницата ја хостира Cloudflare, кој ја штити од напади и автоматизирани програми. Притоа Cloudflare може да постави строго неопходни безбедносни колачиња, а на страниците со формулар (контакт и кариера) Cloudflare Turnstile проверува дали формуларот го праќа човек. За овие колачиња не е потребна согласност, бидејќи без нив страницата и формуларите не можат безбедно да работат.
| Колаче | Од | Намена | Трае |
|---|---|---|---|
__cf_bm |
Cloudflare | Разликува луѓе од ботови | 30 минути |
cf_clearance |
Cloudflare | Памети дека сте поминале безбедносна проверка | обично 30 минути |
Turnstile се вчитува од challenges.cloudflare.com само на страниците со формулар. Повеќе: политика за колачиња на Cloudflare и политика за приватност на Turnstile.
Како да ги контролирате
Колачињата можете да ги избришете или блокирате во поставките на прелистувачот. Ако ги блокирате колачињата на Cloudflare, страницата ќе работи, но формуларите можеби нема да можат да се пратат.
Измени
Ако некогаш додадеме колачиња што не се неопходни (на пример, за аналитика), прво ќе ве прашаме за согласност и ќе ја дополниме оваа политика. Видете и: Политика за приватност.